Дома Фудбал Барселона ќе понуди нов договор на Феран Торес

Барселона ќе понуди нов договор на Феран Торес

Барселона сака да го продолжи договорот на Феран Торес, пишува весникот “Марка”. Договорот на 25-годишното крило истекува по завршувањето на сезоната 2026/27. Се очекува разговорите меѓу управата на каталонците и агентите на фудбалерот да започнат во скоро време.

Главниот тренер на “блаугранас” Ханзи Флик многу смета на Торес поради неговата флексибилност, техника, способност да постигнува голови и севкупната игра во Барса. Германскиот стратег го смета Торес за еден од најважните играчи во тимот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За сега Торес е спокоен за својата иднина во Барселона, тврди “Марка”. Во овој момент, напаѓачкиот играч не разгледал понуди од други клубови.

Феран Торес одигра 31 натпревар оваа сезона, вклучувајќи 10 како стартер, постигна 11 голови и направи 3 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот кој секогаш блеска на Мундијалите, сака и шести настап на СП – потпиша за нов клуб!

Гиљермо Очоа сериозно е посветен на својата амбиција да биде дел од Светското првенство во…