
Барселона направи уште еден чекор кон привлекувањето на централниот бек на Интер, Алесандро Бастони, кој е главна трансфер цел на клубот.
26-годишниот бек е многу заинтересиран за трансфер во каталонскиот гигант по разочарувачката сезона за клубот и националниот тим на неговата земја. Телевизијата TV3 дури тврди дека Бастони веќе се согласил да премине во каталонскиот тим летово, иако преговорите за неговите лични услови продолжуваат и останува да се види дали Барселона ќе успее да постигне договор со Интер.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Цената на Бастони варира значително, со извори блиски до миланскиот клуб кои тврдат дека Интер бара 70-80 милиони евра за италијанскиот интернационалец, додека други велат дека 40-50 милиони евра би биле доволни. Во моментов бекот има уште две години од договорот, при што нема индикации дека ќе го обнови наскоро.