Дома Фудбал Барселона се подготвува за „пазарење“ – познато која позиција ќе ја засили со врвен фудбалер

Барселона се подготвува за „пазарење“ – познато која позиција ќе ја засили со врвен фудбалер

Раководството на Барселона веќе ги започна подготовките за летниот преоден рок, а една од главните приоритети ќе биде ангажман на врвен централен дефанзивец, пренесува шпанскиот спортски весник „Diario Sport“.

Според информациите, каталонскиот гигант сака да ја засили последната линија со искусен и квалитетен стопер кој веднаш би донел сигурност во одбраната. Иако во составот има неколку млади и перспективни дефанзивци, стручниот штаб смета дека е потребно дополнително засилување кое ќе внесе стабилност и лидерство во клучните натпревари.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во клубот анализираат повеќе опции на европскиот пазар, а одлуката ќе зависи и од финансиската состојба и можните заминувања во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен војник е тајното оружје на хит сензацијата во Лигата на шампионите

Европскиот клуб со сензационални резултати, Бодо Глимт, го елиминираше миланскиот Интер од…