Дома Фудбал Барселона пронајде идеално засилување: Го сака фудбалерот кој го сруши и Манчестер Јунајтед!

Барселона пронајде идеално засилување: Го сака фудбалерот кој го сруши и Манчестер Јунајтед!

Сѐ повеќе индикации укажуваат дека Руни Барџи ќе го носи дресот на Барселона.

Овој млад крилен играч на Копенхаген наскоро станува слободен агент, а уште ова лето Барселона би можела да го обезбеди за скромни 2-3 милиони евра.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Швеѓанецот, со потекло од Кувајт, го привлече вниманието и на Порто, а неговите претставници неодамна беа во Барселона на вечера со Деко.

Овој млад фудбалер остави силен впечаток во Лигата на шампионите минатата сезона, постигнувајќи гол против Манчестер Јунајтед во незаборавната победа на Копенхаген од 4:3 на само 17 години.

Вреди да се спомене дека Олимпик Марсеј исто така беше многу блиску до негов трансфер, но се повлекоа поради сомнежи во неговото физичко здравје. Овој играч претрпе повреда на преден крстен лигамент, но по неговото враќање на теренот минатата сезона, покажа извонредна форма и во Барселона немаат грижи.

Фото: F.C. København/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барди заработи два жолти картони во пет минути во триумфот на Коњаспор

Коњаспор со резултат 2-1 го совлада Башакшехир, а натпреварот ќе остане во лошо сеќавање з…