Дома Фудбал Барселона повторно ги прекрши правилата на УЕФА. Дали ќе и бидат одземени бодови следната сезона?

Барселона повторно ги прекрши правилата на УЕФА. Дали ќе и бидат одземени бодови следната сезона?

Според извештајот на британскиот весник Тајмс, Барселона повторно влезе во судир со финансискиот фер-плеј. Да потсетиме, УЕФА во 2022 година го казни шпанскиот гигант со половина милион евра поради погрешно пријавување на приходите при продажба на процент од заработката од ТВ правата. Овие активности клубот ги прикажувал како добивка, а не како загуба на нематеријални средства.

Сега, пишува Тајмс, казната од УЕФА може да биде значително посериозна, бидејќи Барселона и претходно го има прекршено истото правило, а претходното предупредување вели дека секој следен прекршок ќе биде поостро казнет. Минатата година Барселона го наруши финансискиот фер-плеј, поради што целата сезона имаше проблеми со регистрирање на играчи. Tајмс не прецизира на кој вид прекршок се сомневаат сега, но УЕФА отвори истрага.

Што може да и се случи на Барселона?

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Доколку Барселона биде прогласена за виновна, правилата предвидуваат три можни казни. УЕФА може да го ограничи бројот на играчи што клубот може да ги регистрира за европските натпревари, може да и одреди поголема парична казна или да ја казни со негативни бодови во групната фаза на Лигата на шампионите, што би и ја отежнало квалификацијата за нокаут фазата.

Барселона порано поднесувала жалби на одлуките на УЕФА во врска со прекршувањето на финансискиот фер-плеј, но сите тие постапки ги загуби. Во истрага се уште два клуба. Се работи за Челси и Астон Вила, но потенцијалните прекршоци на англиските клубови се од поинаква природа бидејќи не се повторувачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…