Дома Трансфер зона Барселона на Флик му носи напаѓачки тандем вреден 130 милиони евра?

Барселона на Флик му носи напаѓачки тандем вреден 130 милиони евра?

Тренерот на Барселона, Ханси Флик има намера да ја освежи напаѓачката линија за следната сезона.

Каталонските медиуми, поточно реномираниот „Фернандо Поло“, пишува дека Рафаел Леао и Џонатан Дејвид се заинтересирани за преселба во Каталонија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За тоа има шанси ако се земе предвид дека клубот најверојатно ќе го напуштат Ансу Фати и Феран Торес, па практично Флик ќе остане на располагање само со триото „Рафиња-Јамал-Левандовски“.

Рафаел Леао наводно преку својот агент Жорге Мендеш веќе им порачал на Каталонците дека сака да го засили тимот на Флик, бидејќи верува дека под водство на Германецот може да експлодира и да напредува во клучниот дел од кариерата. Проблемот може да биде само големата отштета, се шпекулира дека Милан нема намера да го пушти за сума под 80-90 милиони евра.

Кога е Дејвид во прашање, тој и јавно изјави дека сонува да го облече дресот на Барселона, а посебно добро за позицијата на Барселона е што тој би пристигнал како слободен играч затоа што му истекува договорот.

Според „Трансфермаркт“ Леао е проценет на 75 милиони евра, додека Дејвид на 45. Најголема желба на Барселна сепак веројатно е Виктор Ѓекереш, сепак тука конкуренцијата сигурно ќе биде огромна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…