Дома Фудбал Барселона му поставила услов на Нејмар: Ако сакаш да се вратиш, мора да го направиш тоа

Барселона му поставила услов на Нејмар: Ако сакаш да се вратиш, мора да го направиш тоа

Нејмар минатиот месец се врати во Сантос што беше полн погодок бидејќи полека се враќа во старата форма. Поради тоа се појавија информации дека неговата најголема желба е летоска да се врати во Барселона, а наводно Каталонците му поставиле услов што треба да направи за да му се оствари таа цел.

По агонијата што ја доживеа во Саудиска Арабија каде што летото 2023 година потпиша за Ал Хилал, овој 33-годишник на почетокот на годината реши да го раскине договорот и да се врати во Бразил.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Во Саудиска Арабија имаше големи проблеми со повреда на коленото поради што одигра за Ал Хилал само седум натпревари. Сепак, заработи во тој период повеќе од 200 милиони евра, што е навистина неверојатно со оглед на тоа колку минути помина на теренот.

По спогодбениот раскин на соработката, Нејмар доби понуда од Сантос да се врати во матичниот клуб, што тој од срце ја прифати, а брзо се покажа дека тоа беше вистинскиот потег.

Нејмар игра одлично во дресот на бразилскиот клуб и повторно потсетува на своите стари денови кога блескаше во дресот на Барселона и ПСЖ, па изгледа дека се враќа во старата форма.

Неговата најголема желба е да одигра уште неколку сезони на највисоко ниво и да се врати во Европа, а веќе некое време се пишува за тоа дека Нејмар сонува за враќање во Барселона и дека никогаш не го преболе што летото 2017 година замина во ПСЖ бидејќи тогаш неговата кариера тргна надолу.

Иако не се раздели со Барселона на најубав начин, шпанските медиуми наведуваат дека Каталонците се подготвени да го прегазат тоа и да му дадат нова шанса на Нејмар, но само доколку продолжи да игра на високо ниво во Сантос.

Наводно, од Барселона веќе се во контакт со Нејмар и му покажаа дека се отворени за неговото враќање, но пред тоа тој мора да го исполни условот за воопшто да разговараат за потпис на договор со каталонскиот клуб.

“Постигни 15 гола за Сантос и ќе размислиме за твоето враќање во клубот”, наводно му пренеле од Барселона на Нејмар како што објави каталонскиот Спорт.

Нејмар е на добар пат да го оствари она што Барселона го бара бидејќи веќе на седум натпревари во дресот на Сантос успеа да постигне три голови и освен тоа додаде и три асистенции.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претседателот на ФФМ присуствуваше на состанокот на фудбалски асоцијации, се сретна и со Чеферин

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ заедно со гене…