
Барселона покажува интерес за играчот од средниот ред на Арсенал, Томас Парти. Приоритет на каталонците ова лето е да ангажираат лев крилен играч и десен бек, но доколку Френки де Јонг си замине, за што се зборува сè почесто, ќе мора да ангажираат и негов заменик.
Бидејќи и така ограничениот буџет ќе биде концентриран на првите две споменати позиции, Барселона ќе бара евтина можност за засилување во средниот ред. Таква можност е 31-годишниот Парти, кој засега нема добиено понуда за нов договор со Арсенал и со оглед на моменталната ситуација, изгледа дека на лето би можел да стане слободен агент. Дополнително, Ганаецот има искуство во Ла Лига, затоа што пред да премине на Островот играше за Атлетико Мадрид.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Парти има успешна сезона со Арсенал и досега веќе има 37 натпревари во сите натпреварувања. На крајот од минатата година Микел Артета истакна дека се надева дека Ганаецот ќе остане на „Емирејтс“, па сè уште е можно тој да потпише нов договор со лондончани за уште една сезона.