Дома Фудбал Барселона има нова идеја: Флик може да добие стопер од Италија за 50 милиони евраЗ!

Барселона има нова идеја: Флик може да добие стопер од Италија за 50 милиони евраЗ!

Иднината на Алесандро Бастони повторно е на дневен ред како што се ближи крајот на сезоната, а Барселона будно ја следи ситуацијата на италијанскиот стопер, известува „Газета дело Спорт“.

Одбранбениот играч на Интер има договор до 2028 година, но неколку фактори можат да бидат причина за негово заминување уште ова лето, пред сè инцидентот од февруари.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во текот на натпреварот против Јувентус, контроверзниот дуел меѓу Бастони и Пјер Калулу доведе до исклучување на играчот на Јувентус.

Реакцијата на дефанзивецот на Интер, кој изгледаше како да симулира и потоа славеше исклучувањето на противникот, беше многу критикувана.

Од тогаш, левиот бек е цел на свирежи на различни италијански стадиони, па оваа непријатна ситуација ја става под прашање неговата желба да остане во Италија.

Барселона покажува интерес за италијанскиот репрезентативец од почетокот на годината и веќе воделе разговори со неговите менаџери за евентуален трансфер во Шпанија.

Главната пречка за потенцијалниот трансфер е цената која ја бара актуелниот лидер на Серија А, бидејќи Интер ја оценува вредноста на 26-годишниот дефанзивец на околу 70 милиони евра.

Каталонскиот клуб ќе се обиде да ја намали цената и може да понуди до 50 милиони евра, особено имајќи предвид дека неговата плата веќе е висока (околу 5 милиони евра годишно).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Рома преживеал драма: Среде ноќ дома му влегле разбојници, го заклучиле и во соба!

Играчот на Рома, Нил Ел Ајнауи, и неговото семејство беа жртви на кражба во раните утринск…