Дома Фудбал Барселона го врати од пензија, а сега е блиску да сруши рекорд на големиот Јохан Кројф

Барселона го врати од пензија, а сега е блиску да сруши рекорд на големиот Јохан Кројф

Си замина во пензија, па се врати и повторно ги стави ракавиците и сега е на праг да стане најдобриот дебитант во историјата на Барселона.

Војчех Шќенсни дебитираше за Барселона во мечот со Барбастро во Купот на кралот на почетокот на јануари и оттогаш е незаменлив и непоразен! Вистина, Шчесни пропушти еден дуел, со Бетис во Купот на кралот поради претходно добиен црвен картон во финалето на Суперкупот на Шпанија во победата против Реал.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Без разлика на тие два настапи на Ињаки Пења, со Полјакот на голот, Барселона има низа од 22 натпревари без пораз. Ако ги пресметаме сите настапи од почетокот на 2025, Барса има 19 победи и четири нерешени и ова е најдобриот старт во една календарска година во историјата на каталонскиот гигант.

Најдобриот дебитант во историјата на Барселона е Јохан Кројф, кој во 1973 започна со 23 натпревари без пораз.

Инаку, најдолгата серија без пораз, но во вкупна сметка, не вклучувајќи ги од дебито, ја има Сеск Фабрегас, кој во сезоната 2011/12 дури 30 натпревари последователно беше непоразен во дресот на Барселона.

Фото: FC Barcelona
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jaмал ги изненади сите: Еве со каков имиџ се појави во „Ел Класико“! (Фото)

Најавуваа шпанските медиуми дека Ламин Јамал подготвува изненадување за финалето во Купот …