
Фудбалерите на Барселона следниот викенд ќе гостуваат на Реал Мадрид, а Ханси Флик и за овој меч ќе има кадровски проблеми.
Барса во саботата беше десеткувана против Ѓирона, а се очекува до „Ел Класико“ во составот да бидат само – Рафиња и Феран Торес.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тие се во завршната фаза на опоравување, Флик веројатно нема да ризикува со нив против Олимпијакос во Лигата на шампионите, за да бидат 100% подготвени за Реал.
Но, сепак многу играчи ќе го пропуштат гостувањето на Реал, а тоа се – Жоан Гарсија, Пабло Гави, Дани Олмо, Роберт Левандовски, како и подолго отсутниот Марк Андре Тер-Штеген.
Среќа во несреќа е што засега нема повреди во одбраната, освен на голот, всушност, како што изгледа Барселоновата одбрана, имињата и не се многу битни, бидејќи Ханси Флик сѐ уште не може да ја најде добитната комбинација.
Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е на програмата во недела во 16.15 часот.