Дома Топ вести Барса го продава Де Јонг по „дисконтна“ цена

Барса го продава Де Јонг по „дисконтна“ цена

Во Барселона одлучиле да ја повлечат понудата за договор што му беше испратена на Френки Де Јонг – нивната примарна намера сега е да го продадат следното лето.

Холанѓанецот на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Барса сака да заработи на неговото заминување.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Де Јонг е еден од најплатените фудбалери во тимот, па клубот сака да се ослободи од неговата висока плата.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барса е спремна да го продаде за „само“ 20 милиони евра.

Неколку клубови од Премиер лигата покажуваат интерес за Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…