
Фудбалерите на Барселона ја поразија екипата на Реал Сосиедад на нивниот “Монтжуик” со резултат 4:0 во 26-тото коло на Ла Лига.
Барса сега е осамена на врвот на табелата со 57 бодови, Атлетико Мадрид има 56, а Реал Мадрид 54. Тоа значи дека Барса зависи само од себе, па за две недели, на 16 март може и да ремизира со Атлетико и сепак да остане лидер на табелата, се разбира, доколку ја победи Осасуна во следното коло.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Каталонците денеска убедливо славеа со головите на Џерар Мартин, Марк Касадо, Роналд Араухо и Роберт Левандовски, но треба да се истакне дека во 17-та минута Елусондо заработи директен црвен картон по прекршокот врз Дани Олмо.
Барселона денеска шутираше дури 30 пати кон голот на противникот, додека Реал Сосиедад не упати ниту еден удар, ни надвор од рамката!
Барса од почетокот тргна офанзивно и создаваше шанси, но ја проби одбранбената линија со играч повеќе. Елусондо како последен играч на одбраната го собори Олмо и заработи директно исклучување, а десеттина минути подоцна Барса веќе имаше 2:0.
Во 25-та минута Јамал изведе вистинско шоу на десната страна, го проигра Олмо, кој одлично го забележа Џерар Мартин и му асистираше како на тацна за 1:0.
Во 29-та минута Олмо повторно беше асистент, иако шутна кон голот, топката го погоди Касадо и се скрена во мрежичката за 2:0.
Барса можеше лесно да постигне уште некој гол пред паузата, но успеа во вториот дел од играта.
Во 56-та минута, по корнерот прво се обиде Левандовски, кој беше блокиран, но топката стигна до Араухо кој со глава погоди за 3:0.
Истите играчи беа протагонисти и пет минути подоцна кога Араухо шутираше од далечина, топката мајсторски ја насочи во голот Левандовски за недостижни 4:0.