Дома Фудбал Барди испрати моќна порака: Велс нè удри силно, ова беше пораз од кој ти гори душата!

Барди испрати моќна порака: Велс нè удри силно, ова беше пораз од кој ти гори душата!

Македонскиот репрезентативен капитен Енис Барди се огласи само неколку дена по тешкиот пораз од Велс, токму на денот кога стана јасно дека Данска ќе ни биде ривал во мартовскиот бараж. Неговата порака беше силна, искрена и насочена кон подигање на тимскиот дух.

Барди потсети дека катастрофалниот резултат во Кардиф, кој ја турна Македонија во првиот шешир и ни ги донесе Данците како противници, мора да послужи како дополнителен мотив – доказ дека станувало збор за еден навистина лош ден, а не за реална слика за квалитетот на тимот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тежок пораз, оној што ти го гори душата!  Велс нè удри силно. Болка, разочарување да . Но ова не е крај! Сè уште сме во плејофот во март. Сè уште сме живи. Овој пораз треба да нè запали, а не да нè изгаси. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти! Ние не се предаваме. Никогаш“, гласи пораката на капитенот

Македонија ќе го игра баражот против Данска на 26 март на гостински терен. Доколку успееме да ја елиминираме скандинавската селекција, повторно ќе следи гостување – во финалето би нè чекал победникот од дуелот Чешка – Република Ирска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо остана без титула и згрме, Мендеш му даде совет што да направи

Фудбалерите на Бенфика ја испуштија последната шанса да се доближат до Порто и Спортинг, а…