Дома Фудбал Баерн му ја нуди на Мусиала највисоката плата во историјата на Бундеслигата?

Баерн му ја нуди на Мусиала највисоката плата во историјата на Бундеслигата?

Џамал Мусиала (21), офанзивниот играч за врска на Бајерн и репрезентативец на Германија, е еден од најдобрите фудбалери во светот. И покрај младоста, долго време е клучен играч на клубот и на националната селекција. За Баерн одигра 181 натпревар, постигна 53 гола и има 35 асистенции, додека за Германија настапи 38 пати.

Според „Трансфермаркт“ вредноста на Мусиала се проценува на 130 милиони евра, а договорот со Баерн му завршува во летото 2026 година. Тоа не е многу далеку и Баерн прави сè за да го задржи играчот кој е проектиран за легенда на клубот и околу кој ќе ја гради екипата за иднината.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Токму затоа, како што пишува „Билд“, Баерн му го подготвува најголемиот договор во историјата на Бундеслигата. Со него ќе го осигури останувањето на Мусиала до 2030 година, а играчот би добил повеќе од 100 милиони евра. „Сакаме Џамал да остане и интензивно работиме на тоа. Многу разговараме со другата страна, но сè уште треба да постигнеме договор“, изјави спортскиот директор на Баерн Макс Еберл. Германците пишуваат дека Мусиала, ако ја прифати понудата, ќе стане најплатениот играч во Германија досега.

Роберт Левандовски и Хари Кејн се единствените кои таму заработуваа повеќе од 20 милиони евра по сезона, а Мусиала би ги надминал ако ја прифати понудата..

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …