Баерн го пензионираше дресот со број „5“ во чест на починатата легенда Франц Бекенбауер. Тој број повеќе нема да се користи во најтрофејниот германски клуб. Легендарниот Бекенбауер почина на 8 јануари оваа година во 79-тата година од животот, откако неговата здравствена состојба се влоши значително.
Поради неговиот елегантен стил како и неговата доминација на теренот, се смета за најдобриот германски фудбалер на сите времиња и еден од најголемите фудбалери во историјата. Како играч и тренер, ретко кој оставил таков белег на германскиот фудбал како Франц Бекенбауер. Како играч беше европски (1972) и светски (1974) шампион, а потоа и светски шампион како селектор во 1990 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На клупско ниво освои дури 13 трофеи како играч со Баерн, меѓу кои четири германски првенства и три Купа на шампиони. Како тренер го водеше Баерн до титула германски шампион во 1994 и Куп на УЕФА во 1996.
Бекенбауер, познат како Дер Кајзер или Цар, е еден од само тројца играчи во историјата, заедно со Бразилецот Марио Загало, кој почина пред два дена, и Французинот Дидие Дешамп, кои освоиле Светско првенство како фудбалери и селектори.
Бројот „5 “последен го носеше Французинот Бенџамин Павар, од 2019 до 2023 година