
Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските медиуми во вторникот. Шампионот на Бундеслигата повторно размислува за ангажирање на 27-годишниот фудбалер по повредата на Џамал Мусиала. Раководството на Баерн веќе се поврзало со Пини Захави, агентот на Кристофер Нкунку.
Манчестер Јунајтед и Барселона исто така покажуваат интерес за крилниот напаѓач.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Во јануари германскиот клуб се обиде да потпише со Французинот, но не беше подготвен да плати 70 милиони евра за него.
Челси преферира да го продаде Нкунку, отколку да го испраќа на заем.
Францускиот репрезентативец премина кај “сините” од РБ Лајпциг во 2023 година, а претходно беше во Пари Сен Жермен.