
Баерн Минхен потврди дека Дајо Упамекано потпиша нов договор со клубот. Францускиот дефанзивец се обврза до 2030 година.
Според „Скај Германија“, во договорот постои клаузула според која тој може да го напушти клубот за 65 милиони евра, но таа станува активна од летото 2027 година.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Претходниот договор на Упамекано истекуваше на крајот од сезоната и тој размислуваше за својата иднина. На крајот, Французинот реши да остане во клубот, и двете страни се договорија, иако Баварците мораа да платат значителна сума на агентите на фудбалерот.
“Многу сум среќен што останувам во Баерн и продолжувам да играм во овој тим. Имаме одличен тим и одличен тренер. Имаме големи цели заедно. Давам се во секој тренинг, сакам да не примаме гол во секој натпревар и да освоиме колку е можно повеќе трофеи”, сподели Упамекано.