Фудбалскиот клуб Баерн Минхен е пред комплетирање на многу важен трансфер.
Имено, голманот на Келн, Јонас Урбиг ги договорил сите лични услови со Баерн и чека зелено светло за патување во Минхен.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тој е 21-годишен голамн на германската младинска репрезентација и еден од најперспективните во својата земја.
Јонас има договор до летото 2026 година, а Баерн за неговиот трансфер ќе плати 10 милиони евра.
Се очекува младиот голман да потпише долгорочен договор, до летото 2030 година, што значи дека Баерн сериозно смета на него за во иднина.
Урбиг веднаш ќе го заземе местото на вториот голман на Баерн, а потоа треба да биде наследник на Мануел Ноер.