Дома Фудбал Баер Леверкузен заинтересиран за млада ѕвезда на Манчестер сити

Баер Леверкузен заинтересиран за млада ѕвезда на Манчестер сити

Баер Леверкузен сака да остане во трката за титулата со Баерн Минхен, а по повредата на Терие време е да се ангажира негова замена.

Тоа би можел да биде фудбалер на Манчестер Сити. Станува збор за Џејмс Мекати, а Леверкузен веќе испратил понуда која би можела да биде интересна, а тоа е позајмица со право на откуп на крајот на сезоната за овој 22-годишен офанзивен среден играч.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Мекати оваа сезона одигра 14 натпревари, постигна и пет голови, а наводно Чаби Алонсо го почитува неговиот начин на игра и би сакал да го види во својот тим.

Терие ја заврши сезоната, па е јасно дека Леверкузен ќе ангажира засилување и по сè изгледа, најверојатно ќе биде споменатиот фудбалер на Манчестер Сити.

Постои и алтернатива за овој фудбалер, тоа е Емилијано Буендија од Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти го најде виновникот за лошото деби со Бразил

Карло Анчелоти направи кикс на новиот почеток на 66 години. Во првиот натпревар како селек…