Дома Трансфер зона Aнгличаните тврдат: Роналдо побарал трансфер!

Aнгличаните тврдат: Роналдо побарал трансфер!

Aнглиските медиуми на големо пренесуваат дека Кристијано Роналдо побарал да му биде дозволено да замине ако за него пристигне адекватна понуда.

Португалецот наводно е подготвен да го напушти клубот од „Олд Трафорд“ само една година по враќањето, а наводно пресудно е неиграњето на „црвените ѓаволи“ во Лигата на шампионите.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Роналдо сака да оди во клуб кој игра на елитното ниво на европскиот фудбал. Од 2003 година никогаш не пропуштил ниту една сезона во Лигата на шампионите и е подготвен да замине во тим кој игра во Лигата на шампионите.

Затоа наводно побарал од клубот да си замине бидејќи верува дека има доволно квалитет во него за уште три-четири сезони врвен фудбал и не сака да пропушти врвни натпревари.

Челзи и Баерн се поврзуваа со Роналдо во изминатиот период, но подоцна двата клуба ја отфрлија можноста да го доведат во своите редови.

Минатата година Роналдо беше најдобриот играч на Јунајтед во очајната сезона за клубот во кој не се пласираа во Лигата на шампионите. Одигра 37 натпревари и постигна 24 гола.

Дали навистина ќе го напушти Манчестер Јунајтед и каде ќе ја продолжи кариерата ќе видиме во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…