Македонија после победата од 4:0 против Гибралтар ја обезбеди првата позиција и пласманот во плејофот од Лигата на Нации.
После оваа победа селекторот Игор Ангеловски најави дека сега целта на тимот е пласман на Европското првенство.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Нашата селекција денес ќе го дознае противникот, а тоа ќе биде еден од Косово, Белорусија и Азербејџан.
„Сега целта е пласман на Европското првенство и тоа ќе го барам од фудбалерите. За противникот немам желба, ќе видиме кој ќе го добиеме. Со оглед на тоа дека полуфиналето ќе го
 играме на домашен терен се надевам дека тој натпревар ќе привлече поголемо внимание, фудбалерите заслужуваат голема поддршка“.
„Можам да им честитам, тие се најзаслужни многу работевме за да стигнеме тука. Првата цел ја исполнивме и покажавме дека Македонија не припаѓа во оваа група“, изјави Ангеловски.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!