Македонија денес одигра 1:1 против Грузија со гол во последните минути од пенал.
Селекторот по натпреварот истакна пофалби за сите во репрезентацијата и најави дека сега мислите се со оној најважниот натпревар, повторно против Грузија на 12. ноември.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Овој меч ни покажа дека Македонија не се предава. Со истиот противник и таму игравме со играч помалку, еве сега се вративме. Покажавме карактер и едно големо браво почнувајќи од капитенот од последниот член од репрезентацијата. Не е лесно да се играат три натпревари во краток период. Ние сме први и после овој собир, така целта е остварена. Сега размислуваме за натпреварот на 12-ноември“, најави Ангеловски.
За грешката на Димитриевски.
„Јас никого не критикувам посебно, но мислам дека и самите со оглед на тоа дека нема публика слушнавте кога му викнав да ја исфрли топката со нога“