Дома Останати Тенис Aлкараз го освои Ролан Гарос, а тоа е лоша вест за – Ѓоковиќ!

Aлкараз го освои Ролан Гарос, а тоа е лоша вест за – Ѓоковиќ!

Шпанецот Карлос Алкараз со пресврт славеше против Александар Зверев и со 3:2 во сетови го освои Ролан Гарос (6-3, 2-6, 5-7, 6-1 и 6-2).

Првиот сет во мечот му припадна на Алкараз (6:3), меѓутоа Германецот се разигра и ги освои следните два со 6:2 и 7:5 и така дојде на чекор од првата грен-слем титула.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, Шпанецот не се предаде и повторно го подигна нивото на игра, додека Зверев не успеа да го задржи високото темпо. Четвртиот сет Алкараз го доби со 6:1, додека во последниот пет гем му дозволи еден гем повеќе на германскиот ас (6:2).

Алкараз со оваа победа ќе се искачи на второто место на АТП листата, додека Ѓоковиќ ќе падне на третата позиција, а лидерската позиција ќе му припадне на Јаник Синер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…