Дома Фудбал Италија Aлегри му даде шанса, па му порача: Сто пати си ја местеше косата, утре ќе оди на бербер

Aлегри му даде шанса, па му порача: Сто пати си ја местеше косата, утре ќе оди на бербер

Тимот на Јувентус одлично ја започна новата сезона во Серија А и вчера славеше против Удинезе со 0:3.

Во финишот од натпреварот тренерот Масимилијано Алегри му даде шанса на Кенан Јилдиз. Јилдиз ги одигра последните десетина минути од натпреварот, а Алегри на прес-конференцијата по мечот му порача дека треба да оди на бербер.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Мора да оди на бербер, вечерва сто пати си ја местеше косата. Веќе утре ќе мора да ја скрати косата и да се фокусира на фудбалот“, изјави Алегри.

Јувентус сите три гола ги постигна во првото полувреме, а стрелци беа Киеза, Влаховиќ и Рабио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

(ВИДЕО) Неверојатни сцени во Англија – тепачка меѓу навивачи на Лутон фатена во директен пренос

По натпреварот во англиската Лига 1 помеѓу Лутон Таун и Ридинг, на кој домаќините загубија…