Дома Фудбал Останато Aлегри добива понуда од два клуба од ист град?

Aлегри добива понуда од два клуба од ист град?

Maсимилијано Алегри и понатаму чека и е без клуб после заминувањето од Јувентус.

Се пишуваше за можност ПСЖ да го смени Тухел, но изгледа дека Алегри не е повеќе во прв план, шампионот од Париз повеќе размислува за Тијаго Мота.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бразилецот ја заврши тренерската школа и би можел како Пирло да добие шанса во клубот во кој остави голема трага како играч.

Алегри повеќе од една година е без ангажман. Минатата сезона беше на платениот список на Јувентус иако го наследи Сари, оваа година нема даговор, сите големи клубови засега изгледа нема да менуваат. Беше блиску до Интер, но Конте остана.

Од друга страна наводно Алегри ќе добие понуда Рома бидејќи новите газди не се задоволни од Фонсека, а би можел да седне и на клупата на Лацио.

Ситуацијата е следна: Алегри е во ситуација во која беше Мурињо, еден е од најдобрите тренери во светот, но долго е без ангажман. Изнаги во Лацио не е задоволен од засилувањето и би можел ако добие понуда да ја промени средината. Алегри е скап тренер во Јувентус заработуваше околу седум милиони евра, па прашање е дали Лацио може да си го дозволи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…