Џордан Ларсон синот на Хенрик Ларсон кој денес беше именуван за помошник на Роланд Куман минатата година потпиша за Спартак Москва.
Откако Ларсон како поранешен напаѓач на Барселона доби шанса да му помага на Куман веднаш се појави шпекулација дека Барселона ќе тргне по потписот на неговиот талентиран син, Џордан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џордан е роден 1997 година во Ротердам додека неговиот татко играше за Фејенорд и подоцна стана репрезентативец на Шведска. Прво играше за младинските категории на Холандија, но потоа ја избра Шведска, земјата за која играше и неговиот татко.
23 годишниот Џордан Ларсон пред Спартак играше за Хогаборгс, Хелсинборг, Норкопинг и холандскиот НЕЦ Нијемеген, а во Русија е од минатата година.
Рускиот клуб е во сопственост на милијардерот Леонид Федун кој на Норкопинг за услугите на Ларсон плати четири милиони евра, а тој возврати со 11 голови на 33 натпревари во руската Премиер лигата.
„Претпоставуваме дека синот на Хенрик, Џордан ќе биде нова мета на Барселона, но тој за нас е важен играч. Ако Барселона го сака нека спреми 100 милиони евра, инаку нема потреба да преговараме“, порачал првиот човек на Спарта.
Неговите зборови во овој момент изгледаат како шега, а и не е познато дали навистина Куман се интересира за Џордан.