„Старата дама“ ова лето би можела да добие нов тренер.
Масимилијано Алегри во Јувентус прерасна во еден од најдобрите стручњаци, освои три Скудета, а оваа сезона е блиску и до четвртото, играше две финалиња во Лигата на шампионите, па јасно е дека еден од најуспешните тренери во историјата на „старата дама“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак и покрај можноста да освои двојна круна во медиумите кружат гласини дека би можел да го напушти Јувентус ова лето.
Алегри неодамна изјави дека е среќен во Торино, но сега се појавија информации дека има понуда од Арсенал. Управата на Јувентус е свесна дека би можела да остане без Алегри на крајот на сезоната, па наводно веќе стапиле во контакт со потенцијалниот негов наследник.
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели е во добри односи со италијанскиот стратег Карло Анчелоти кој е без ангажман откако го напушти Баерн Минхен.
Поранешниот тренер на Милан, ПСЖ, Челзи и Баерн ја одби можноста да седне на селекторското столче на Италија, се споменуваше Кина, но прашање е дали би можел да одбие понуда од својот пријател Ањели. Според медиумите контактот е веќе воспоставен.