Дома Македонски спорт Мак фудбал Aкадемија Пандев не ја прифати оставката на Ѓорѓе Стојчев

Aкадемија Пандев не ја прифати оставката на Ѓорѓе Стојчев

Академија Пандев не ја прифати оставката на тренерот Ѓорѓе Стојчев.

Откако „пандевци“ не победија на последните два натпревари со Скопје и Борец, против Скопје беа и поразени Ѓорѓе Стојчев ја презема одговорноста и си поднесе оставка од местото прв тренер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, денес од клубот соопштија дека неговата оставка не е прифатена и тој ќе остане да го води тимот.

„На денешниот состанок на Управниот Одбор на клубот беше разгледена понудената оставка од страна на Шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим – Ѓорге Стојчев. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка НЕ Е ПРИФАТЕНА. Управниот Одбор, сите вработени, како и сите кои на било каков начин се поврзани со клубот целосно ја даваат поддршката на тренерот Ѓорге Стојчев, а убедени сме дека резултатската криза ќе се надмине веќе во наредните натпревари. Решението за назначување на Стојчев за тренер на сенирскиот тим не е случајно и го сметаме за најважна алка во градењето на тимот во иднина“. соопштија од А.Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…