Eлиф Елмас стави потпис на договор со Наполи и со тоа стана најскапиот македонски фудбалер во историјата.
Името на Елмас долго време се поврзуваше во медиумите со разни европски клубови, сега за италијанските медиуми менаџерот на Елмас, Џорџе Гарди откри дека навистина повеќе европски клубови биле во трка за потписот на Елмас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за Елмас во изминатите шест месеци постоел и на крајот Наполи успеал прв да стигне до неговиот потпис.
„Интересот за Елмас беше навистина голем и Наполи заврши голема работа бидејќи победи во конкуренција на Ливерпул, Реал Мадрид и Тотенхем. Анчелоти верува во него и според мене овој клуб е идеално место за негов развој. Сите го пофалија и кажаа дека е модерен фудбалер кој знае да игра добро и во фазата на напад, но и да помогне во одбраната. Со секој тренинг и меч во Наполи тој ќе расте повеќе“, изјави Гарди.
Ќе потсетиме, Елмас вчера во пријателскиот натпревар против Марсеј за прв пат беше стартер и веднаш ги воодушеви фановите на овој клуб.