Агентот на Горан Пандев зборуваше за италијанските медиуми и потврди дека Пандев во јануари имал понуда да се врати во Интер, но и потенцираше дека Гоче останал за да ја спаси Џенова што на крајот и се случи.
Леонардо Корси кој е агент на нашиот капитен освен за ситуацијата на Пандев во интервјуто најави и можни трансфери на македонски фудбалери во Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пандев ќе потпише нов договор со Џенова, претседателот тоа го сака. Тој игра во супер форма и ќе продолжи така. Ќе ја заврши кариерата тука. Горан е всушност како Италијанец, има италијанско државјанство и сите негови деца се родени тука“.
„Во јануари имаше романтична понуда од Интер, но Џенова требаше да се спаси. Горан е еден од најважните играчи, тоа го покажуваат и бројките па остана за да ја спаси. Поврзан е со боите на овој клуб и не сакаше навивачите да тагуваат“.
„Пандев е пример за националниот тим на Македонија кој се обидува да се квалификува на ЕП. Тој е лидер на тимот во кој играат Ристовски, Елмас, Барди…Ќе препорачам македонски фудбалери на неколку италијански тимови, истото ќе го направам и со играчи од Академија Пандев“, изјави Корси.