Дома Фудбал Азар не можел да здивне – откри од кого бегал низ теренот на натпреварите

Азар не можел да здивне – откри од кого бегал низ теренот на натпреварите

Еден Азар рано се повлече од фудбалот. Се засити од се и копачките ги закачи на клинец со 32 години. Белгиецот беше кошмар за сите противнички одбрани на Островот, но од друга страна, тој особено се плашеше од еден човек.

Азар поголемиот дел од својата кариера го помина во Chelsea. Иако со Реал стана Европски првак, светското име го изгради на Станфорд Бриџ.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Дресот на Сините го носеше од 2012 до 2019 година и во тоа време се соочи со голем број звезди, сигурно најдобрите играчи во светот.

Сега кога е во пензија реши да каже против кој играч ги избегнувал дуелите на теренот. Изборот падна на Јаја Туре.

Туре исто така своите најдобри денови ги помина во Англија, каде што го изгради статусот на легенда во Манчестер Сити. Поради неговата физичка граѓа, Азар не го сакаше многу.

„Беше невозможно да му ја одземеш топката на Јаја Туре; беше незапирлив”, изјави Азар во подкастот кај Зак Нани и додаде:”Не сакав да играм одбрана против него, а дури и ако сакав, не можев”, по што продолжи:

“Но кога се бранеа против мене никој не можеше да ме застане. Замислете крупен играч, висок 1,90 метри, како се брани против ситен, висок 1,70 метри – не е лесно.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енглеската ѕвезда го менува клубот и заминува во Франција.

Една од најголемите надежи и ѕвезди на англиската репрезентација под водство на тренерот Г…