Дома Фудбал Азар: Денеска се чувствувам како таксист!

Азар: Денеска се чувствувам како таксист!

Изминаа речиси три години откако Белгиецот Един Азар, по бурниот период исполнет со повреди во Реал Мадрид, одлучи да ја заврши својата кариера. Денес тој вели дека повеќе се чувствува како таксист отколку како фудбалер.

“Мојот живот е прилично едноставен. Татко сум на пет деца, моментално сум повеќе таксист отколку фудбалер, но тоа е во ред. Одлуката ја донесов поради семејството, децата, времето и храната. Животот навистина брзо минува, особено во фудбалот. Вчера имав 19 години, а денес веќе сум 35. Мораме да уживаме во животот, не само во фудбалот, туку во сè”, истакна Азар во интервју за Guardian.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во таа прилика тој сподели интересна анегдота од времето кога Жозе Мурињо беше тренер на Челзи.

“Отидов во Лил да гледам натпревар и го загубив пасошот на враќање. Закаснив и го пропуштив тренингот. Во следниот натпревар тој ме извади од тимот и рече дека тоа е моја вина”, се присети Белгиецот.

Покрај тоа, зборуваше за најспецијалните моменти во својата кариера.

“Светското првенство 2018 година беше неверојатно. Имав можност да играм заедно со брат ми. Бити капитен на својата земја е нешто неверојатно. Имавме чувство дека Белгија беше неверојатна во тие години. Иако не победивме, денес велат дека бевме подобар тим од Франција, и тоа ме прави горд”, вели Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заработува богатство во Саудиска Арабија, но сака да игра за Англија на СП

Сите беа шокирани кога наместо да игра во Англија, одбра Саудиска Арабија и огромни пари, …