Дома Фудбал Австрискиот клуб објави дека починал бивш репрезентативец на БиХ и предизвика метеж, а Хрватите тврдеа дека е жив

Австрискиот клуб објави дека починал бивш репрезентативец на БиХ и предизвика метеж, а Хрватите тврдеа дека е жив

Австрискиот нисколигаш УФЦ Хрватска Салзбург предизвика вистинска мешаница синоќа со објава за смртта на поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина Јосип Лукачевиќ, бидејќи по ова следуваат информации дека тој е жив.

Клубот објави дека Лукачевиќ починал на 41 година, но хрватскиот портал 24сата.хр извести дека Лукачевиќ „само“ е во тешка состојба откако преживеал мозочен удар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Поранешниот фудбалер и тренер Јосип Лукачевиќ (41) се борел за живот. Иако неговиот УФЦ Хрватска Салзбург објави дека починал, дознаваме дека Лукачевиќ се уште е жив, но во тешка состојба. Според првите информации, претрпел мозочен удар и е критично“, пишува 24сата.хр.

Лукачевиќ се почувствувал лошо во средата навечер пред тренингот, се утврдило дека претрпел сериозен мозочен удар. Следела итна операција, а засега пристигаат различни информации за неговата состојба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пет трансфери кои би можел Манчестер Сити да ги оствари во јануари 2026 година

Манчестер сити минатата година во јануари потроши речиси 200 милиони фунти на нови играчи,…