Дома Фудбал Аврамовски заминува од Болуспор, но останува во Турција

Аврамовски заминува од Болуспор, но останува во Турција

Даниел Аврамовски ја напушта екипата на Болуспор и кариерата ќе ја продолжи во Ингдир, исто така од Турција.

Аврамовски на социјалните мрежи објави порака со која се збогуваше со својот досегашен клуб.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


„Им благодарам на сите во Болуспор, од нашиот претседател, до менаџерите, тренерите, играчите, персоналот и фановите. Благодарен сум за поддршката што ми ја дадовте и незаборавните моменти што ги минавме заедно. Би сакал особено да му се заблагодарам на мојот учител Јалин Коњукавак.

Тој беше најголемата причина што дојдов во Болуспор и секогаш ми даваше неверојатна поддршка. Останав во Болуспор само една година, но тоа време беше како десет години. Затоа што спомените што ги доживеав тука имаат место во моето срце кое никогаш нема да биде избришано.

Можеби повеќе нема да го делиме истиот дрес, па дури и да бидеме ривали на теренот следната недела, но секогаш ќе бидете мои пријатели. Големи победи, големи достигнувања, пријатни спомени, убави времиња поминати во Болу. Никогаш нема да ве заборавам“. Се најдобро од срце ви посакувам. Се гледаме наскоро браќа мои!“, објави Аврамовски на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп нема дилеми: Откри каде сигурно нема да биде тренер

Светската спортска јавност беше шокирана во финишот на минатата сезона кога тогашниот долг…