Фленсбург со удар по сирената го шокира Берлин, Кил едвај се извлече
Симон Питлик погоди директно од слободен удар од девет метри по истекот на времето и му донесе на Фленсбург драматична победа од 34:33 против Фуксе Берлин. Во 9. коло од Бундеслигата, Кил славеше против Рајн-Некар Левен со 37:36.