Дома Фудбал Атлетико се огласи: Фрустрирани сме, судиите направија голема грешка!

Атлетико се огласи: Фрустрирани сме, судиите направија голема грешка!

АТЛЕТИКО Мадрид е исфрлен од градскиот ривал Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тоа беа одлични два натпревари во кои по целокупниот резултат 2:2, победникот беше одлучен со подобро изведување на пенали. Судии го поништија ударот на Жулијан Алварез поради двоен допир. Аргентинецот се сопна и два пати ја допре топката при ударот. Ова предизвика многу контроверзии, а Атлетико се огласи со соопштение.

“Знаеме дека грешката на ВАР никогаш нема да го промени конечниот резултат. Без разлика колку е јасна грешката, резултатот ќе остане. Но, длабоко жалиме за овој ‘инцидент’ и неговото влијание врз нас. Ова ја разбил надежта на милиони навивачи и ги поткопа исклучителните напори на нашиот тим.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


И покрај објаснувањето на УЕФА, сме фрустрирани затоа што сметаме дека:

  • Топката не беше јасно поместена пред ударот од ниту еден достапен агол.
  • ВАР треба да интервенира само во случаи на јасни и очигледни грешки, а оваа одлука е донесена за само 45 секунди, според изјавата на клубскиот персонал.

Не е во ДНК на Атлетико да бараме изговори. Веќе гледаме напред кон нашиот следен предизвик – неделниот натпревар со Барселона.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите до 16 години поразени од Словачка на турнирот во Подгорица

Репрезентација на Македонија до 16 години забележа пораз од селекцијата на Словачка во рам…