Дома Фудбал Атлетико продолжува со трансферите, клубот го претстави шпанскиот репрезентативец

Атлетико продолжува со трансферите, клубот го претстави шпанскиот репрезентативец

Атлетико Мадрид го објави новото засилување, откако потврдија за трансферот на Алекс Баена.

Крилотo пристигнува со трансфер вреден 45+5 милиони евра, а договорот со неговиот нов клуб е до летото на 2030 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Баена е младинец на Виљареал, каде за првата екипа на клубот има одиграно 148 натпревари со 26 голови и 40 асистенции, освојувајќи ја Лига Европа пред четири години. Исто така, ја мина сезоната 2021/22 на заем во Жирона.

23-годишниот играч е и репрезентативец на Шпанија, и беше дел од тимот што го освои Евро 2024. Досега има 10 настапи со 2 погодока за националниот тим на својата земја, и минатото лето освои златен медал на Олимписките игри во Париз со репрезентацијата до 23 години.

Привлекувањето на напаѓачот е третото засилување за Атлетико во последните денови по враќањето на средниот играч Џони Кардосо од Бетис и левиот бек Матео Руджери од Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…