
Атлетико Мадрид постигна договор со играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон, за негов летен трансфер, известува Фабрицио Романо.
Сега „Јорганџиите“ треба да постигнат договор и со клубот на 26-годишниот играч, кој се проценува на 35-40 милиони евра. Во минатото, тимот од Бергамо ги одби понудите од Интер и Јувентус за Бразилецот, чиј договор истекува следната година, а тој исто така се поврзува со Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Во тековната сезона, Едерсон има 33 натпревари во сите натпреварувања, со два гола и една асистенција.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Ако Атлетико и Аталанта постигнат согласност околу оваа зделка, тоа ќе биде уште еден трансфер помеѓу два клуба од минатото лето. Кон Мадрид се преселија Матео Руджери и Адемола Лукман, додека Италијанците го донесоа Џакомо Распадори.