Дома Фудбал Атлетико Мадрид потпиша со трансферна мета на Милан

Атлетико Мадрид потпиша со трансферна мета на Милан

Атлетико Мадрид не престанува да го обновува својот состав. Летната селекција на „јорганџиите“ продолжи со ангажирањето на десниот бек Марк Пубил. 22-годишниот дефанзивец доаѓа од второлигашкиот тим Алмерија.

Младиот репрезентативец на Шпанија беше во трансферните планови и на Милан, но Атлетико направи сѐ што е потребно за да ги обезбеди неговите услуги.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Двата клуба веќе објавија дека се договориле за преминувањето на Пубил на „Метрополитано“. Официјално, договорот ќе биде потврден откако дефанзивецот ќе помине задолжителните медицински тестови.

Алмерија ќе добие 16 милиони евра за фланговиот фудбалер. Дополнителни 4 милиони се предвидени како бонуси, а покрај тоа клубот од Андалузија ќе земе 15% од сумата од евентуалната следна продажба на Пубил. Договорот на дефанзивецот со Атлетико е до 2030 година.

Мадридчани се насочија кон 22-годишниот Пубил, откако стана јасно дека Хесус Аресо ќе продолжи кариера во Атлетик Билбао. Пред тоа, тој беше сметан за сигурно ново засилување на Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Симеоне полуде и тргна во пресметка со навивач. Интервенираа обезбедувачите

Трeнерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше смирен од обезбедувачите и одделен од пуб…