Дома Останати Ракомет Атанасијевиќ: Имаше судиски одлуки кои не беа во наша корист

Атанасијевиќ: Имаше судиски одлуки кои не беа во наша корист

Македонската ракометна репрезентација го запиша првиот пораз на Светското првенство, откако во борбен натпревар беше поразена од Холандија со резултат од 32-37.

Еден од клучните играчи, Павле Атанасијевиќ, по натпреварот изјави дека било исклучително тешко да се игра против дисциплинираната и брза игра на Холанѓаните, а дополнително ги истакна и неколку спорни судиски одлуки кои влијаеле врз исходот на натпреварот.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


„Ова беше тежок меч, тешки одлуки, немам коментар. Не сметам дека имаше нешто надвор од спортската игра, но имаше одлуки во кои не сакам да навлегувам. Малку послабо одигравме со играч повеќе, но ако гледаме генерално, бевме добри, имавме шанси да израмниме, но некои одлуки не беа во наша корист“, кажа Атанасијевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Големо засилување во Охрид: Пристигна ракометар на Вардар!

ГРК Охрид го претстави новото засилување за следната сезона, во своите редови го доведоа с…