
Астон Вила го продолжи својот прогрес и ја запиша четвртата последователна победа во Премиер лигата. Тимот од Бирмингем победи со 1:0 на домашен терен против Манчестер Сити и се изедначи по бодови со Ливерпул.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Мати Кеш во 19-тата минута.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тимот на Унај Емери одигра одлично. Џон Мекињ двапати можеше да ја зголеми предноста на Вила. Домаќините беа добри и во одбраната, успевајќи да го зачуваат Ерлинг Холанд, кој имаше една добра можност во првиот дел и еден поништен гол поради офсајд на крајот. По овој пораз, “граѓаните” се четврти на табелата и заостануваат шест бода зад лидерот Арсенал.