Дома Фудбал Артета: Сака се враќа на теренот, ќе биде подготвен за натпреварот со Фулам

Артета: Сака се враќа на теренот, ќе биде подготвен за натпреварот со Фулам

Менаџерот на фудбалскиот клуб Арсенал Микел Артета изјави дека Букајо Сака ќе биде во конкуренција за тимот на натпреварот од 30. коло на англиската Премиер лига против Фулам.

Сака го одигра последниот натпревар за Арсенал на 21 декември минатата година на дуелот против Кристал Палас. Фудбалерот на Арсенал на таа утакмица доби повреда на задната ложа на десната нога, и потоа беше подложен на операција.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


– Букајо е подготвен. Сè што требаше внимателно да се направи веќе е завршено, сега е важно само внимателно да го воведеме на теренот – но тој инсистира да игра – рече Артета.

Поради повредата, Сака пропушти 19 натпревари за Арсенал.

– Знаеме какво влијание Сака имаше врз тимот. Не играше последните три месеци, но играше 48 месеци претходно. Тој сака да биде во тимот, да игра, да тренира и да се натпреварува на највисоко ниво – додаде Артета.

Натпреварот меѓу Арсенал и Фулам ќе се одигра денеска од 20:45 часот. Фудбалерите на Арсенал се на на второто место на табелата на Премиер лигата со 58 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камавинга на срамен начин ја прекина акцијата на Сосиедад (Видео)

Страстите не стивнуваат по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, а гостите прона…