Дома Фудбал Артета прави „револуција“, ќе има нова позиција за Сака?

Артета прави „револуција“, ќе има нова позиција за Сака?

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не ја исклучува можноста дека во продолжението на сезоната ќе го користи Букајо Сака и како – централниот напаѓач.

Сака го замени Виктор Ѓокереш на полувремето во победата над Виган во ФА купот, а после тоа на конференцијата за медиуми логично беше прашањето дали тоа е дел од некоја нова тактика и план.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тоа е нешто што го разгледуваме како опција и што сакаме да пробаме, и можеби ќе го направиме во иднината. Имаме уште голем број на натпревари во сите натпреварувања и различни сценарија во кои треба да играме, па така и тоа мора да го разгледуваме како опција. Ако Сака игра во средината, ќе биде поблиску до голот, а со самото тоа ќе биде многу поголема и постојана опасност за противниците. Исто така, може да ги менува своите позиции со боковите играчи, бидејќи е многу добар во користењето на слободниот простор. Кога е во нив, тогаш е најопасен кога ја прима топката,” рече Артета.

Пред Арсенал е клучниот дел од сезоната, борбата за трофеи во сите четири натпреварувања и иновациите во напаѓачката линија секако можат да бидат дополнителна опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брера го освои Гостивар, Македонија Ѓорче Петров лесно против Шкупи

Екипата на Брера Струмица важни три бода на гости кај Арсими во Гостивар, триумфирајќи со …