Арсенал се наоѓа во доста тешка ситуација кога е во прашање напаѓачката линија, особено по повредата што неодамна ја претрпе Габриел Жесус.
Јасно е дека Артета оваа зима мора да пронајде нов напаѓач, но исто така е јасно дека тоа нема да биде нималку лесно за тренерот на тимот од Лондон.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Како што пренесуваат британските медиуми, се подготвува голем трансфер во Лондон, бидејќи челниците на Арсенал се во преговори со Лајпциг околу трансферот на Бенџамин Шешко.
Шешко, кој има 21 година, постигнал 13 гола и направил три асистенции во 25 настапи оваа сезона во дресот на тимот од Германија и, се разбира, го привлекол вниманието.
Телеграф денес потврди дека челниците на Арсенал се “вљубени” во напаѓачот на Лајпциг и ќе направат сè за да се обидат да го привлечат оваа зима или барем следното лето.
Минатото лето Арсенал исто така работеше на доведување на напаѓачот од Словенија, но Шешко на крајот донесе одлука да остане во Лајпциг бидејќи се плашеше дека ќе биде втор избор зад Хаверц, тврди Мејл.
По сè што се случи во последно време, Арсенал забрза соработката, и веќе се во преговори со тимот од Германија за да го доведат Бенџамин Шешко.
“Арсенал сака позајмица со опција за откуп на неговиот договор, а Лајпциг перманентен трансфер веднаш или задолжителен откуп на договорот на крајот од сезоната”, тврдат медиумите.