
Арсенал ја започна новата Премиер лига сезона фантастично, како еден од фаворитите за шампионската круна, и оствари импресивен трансфер период, но сè уште не планира да престане со засилувањата.
Според доверливиот инсајдер Дејвид Орнштајн, Арсенал стапил во контакт со Баер Леверкузен со цел да добие информации за еквадорскиот дефанзивец Пиеро Инкапи.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Дваесет и тригодишниот Инкапи блеска во Леверкузен веќе неколку сезони и беше дел од славната шампионска генерација пред две години.
Леверкузен го ангажира Инкапи пред четири години од аргентинскиот клуб ЦА Талерес, за 6,3 милиони евра.
Сега се проценува дека вредноста на еквадорецот е за десет пати повисока и се очекува Леверкузен на почетокот од преговорите да побара 60 милиони евра.
Во трката за потписот на Инкапи е и најголемиот ривал на Арсенал од Северен Лондон, Тотенхем, на кој исто така му е потребен нов дефанзивец.
Да потсетиме, Арсенал претходно ова лето ги донесе Виктор Гјокерес, Нони Мадуеке, Мартин Зубименди, Кепа Аризабалага, Еберечи Езе, Кристијан Нооргаард и Кристијан Москера.
Трансферот на Инкапи во Арсенал зависи и од продажбата на Јакуб Кивиор, полјак кој од Емирејтс сакаат да го ангажираат Јувентус и Порто.