Дома Фудбал Арсенал спрема трансфер „бомба“

Арсенал спрема трансфер „бомба“

Арсенал добро знае какво засилување му е потребно ова лето, а тоа го гледаат сите, вклучително и Артета.

Клучниот акцент е на доведување напаѓач кој ќе може немилосрдно да постигнува голови. Тоа беше недостатокот кој повторно ги мачеше „Топчиите“.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Сега на сцената излегува уште едно име, играч кој во својата кариера веќе ја освоил Лигата на шампионите и Светското првенство.

Според извори, неговата позиција на листата на желби е дури пред Шешко и Гјокерес, а тоа е поранешниот играч на Манчестер Сити, Хулијан Алварез.

Како што пренесува Marca, Арсенал е водечка опција за потписот на Алварез, и својата битка ќе ја води со Ливерпул. Атлетико Мадрид, пак, не е подготвен лесно да го испушти од своите раце.

Алварез пристигна во Атлетико Мадрид минатото лето, откако две сезони помина на Етихад.

Во тие две сезони, Алварез одигра 103 натпревари, постигна 36 голови и освои шест трофеи со Манчестер Сити, вклучувајќи две титули во Премиерлигата и една во Лига на шампионите.

Во рамките на Премиерлигата, Алварез постигна 20 голови и додаде 9 асистенции во 67 одиграни натпревари, при што во стартната единаесетка беше на 44 натпревари.

Од неговиот доаѓање во Мадрид, постигна 29 голови во 54 натпревари во сите натпреварувања за тимот што го предводи Диего Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убедлива победа на Челси за трофејот во Конференциската лига

Фудбалерите на Челси го освоија трофејот во УЕФА Конференциската лига откако во финалето у…