Дома Фудбал Арсенал постигна договор со Инкапие, сака да го земе на заем со задолжителна опција за откуп

Арсенал постигна договор со Инкапие, сака да го земе на заем со задолжителна опција за откуп

Одбранбениот играч на Баер Леверкузен Пиеро Инкапие ги договори личните услови со Арсенал и чека двата клуба да се договорат за условите на неговиот трансфер.

Според Фабрицио Романо, лондонскиот клуб подготвува понуда за земање на еквадорскиот фудбалер на заем со задолжителна опција за откуп. Во договорот на Инкапие со Баер постои ослободителна клаузула во вредност од 60 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ако успее да го донесе, Арсенал ќе нанесе втор удар врз големиот градски ривал Тотенхем, кој исто така сакаше да го обезбеди Инкапие. Пред неколку дена истото се случи и со Еберечи Езе.

Во меѓувреме, во Арсенал пристигна и официјалната понуда од Порто за Јакуб Кивиор. Таа е со вкупна вредност над 25 милиони евра, и се работи за заем со задолжителна опција за откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Севиља остана без тренер!

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља ја прекина соработката со аргентинскиот тренер Матија…