Дома Фудбал Арсенал подготвува шокантен трансфер и доведува играч на Манчестер Јунајтед?!

Арсенал подготвува шокантен трансфер и доведува играч на Манчестер Јунајтед?!

Топџиите повеќе од сè имаат потреба од класичен напаѓач, а како стојат работите тоа ќе биде или Ѓокереш или Шешко.

Медиумите од Островот тврдат дека паднал изборот кога се работи за тоа кој следната сезона ќе игра на левото крило на тимот од „Емирати“.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Имено, неочекувано, прва цел на Артета стана играчот на Манчестер Јунајтед Алехандро Гарначо кого Шпанецот сака да го донесе во Арсенал.

Топџиите во последните неколку месеци беа поврзувани со одреден број на крилни фудбалери.

Нико Вилијамс и Ентони Гордон се само двајца од фудбалерите на кои Топџиите „фрлија око“ на Гарначо кој јасно даде до знаење дека заминува од Олд Трафорд ова лето.

Како што пренесуваат новинарите на TEAMtalk, Арсенал веќе контактирал со претставникот на Аргентинецот со надеж дека ќе го доведат ова лето.

Сепак, Топџиите не се единствени што го направиле тоа, бидејќи тоа го направиле и челниците на Челси и како што стојат работите, Гарначо ќе остане во Премиерлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдена е казната на Дин Хаусен

Апелационата комисија на Шпанската фудбалска федерација денес ја потврди одлуката на Дисци…