Со почетокот на годината започна зимскиот трансфер период, а изгледа дека најскапиот трансфер би можел да го направи Арсенал.
Иако ПСЖ го плати 95 милиони евра во 2023 година, за Рандал Коло Муани, деновите во клубот му се изброени.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Во последните седум натпревари доби само половина час, а на шест од нив не играше воопшто.
Последните три натпревари не беше ни во конкуренција, па така Рандал Коло Муани е на излезната врата на ПСЖ.
Луис Енрике не смета на услугите на 26-годишниот Французин, што другите клубови ќе се обидат да го искористат и да го доведат.
Новинарот Фабрицио Романо изјави дека заминувањето на Коло Муани од француската престолнина во зимскиот трансфер период е речиси сигурно. ПСЖ ја одреди и цената. Како што пренесува шпанскиот „АС“, таа изнесува 60 милиони евра.
Арсенал е меѓу тимовите заинтересирани за репрезентативецот на Франција откако Букајо Сака се повреди и ќе биде надвор од теренот околу три месеци.